
ВАРДАР ГО ПОБЕДИ КРИСТИЈАНШТАД ЗА ПРИТИСОК КОН ВЕСПРЕМ ВО БОРБА ЗА 2.МЕСТО
Вардар ја оправда улогата на фаворит и воедно ја продолжи традицијата во пресметките со Кристијанштад.Македонскиот првак победи со 32-30 (16-17) на гостувањето во Шведска.Вардар со 8. победа сезонава атакува на 2.место а ќе биде најмалку трет по крајот на групната фаза во ЛШ.Во следното коло,Вардар го пречекува Монпелје,Веспрем покрај мечот со Мешков Брест ќе гостува кај Кјелце.
Вардар наиде на силен отпор од домашниот тим предводен од новиот тренер Љубомир Врањеш.Дури во второто полувреме,фаворитот стигна до предност од три гола .Вардар имаше и на два пати + 4, 27-23 и 28-24.но Кристијанштад успеа да се наметне во финишот. Калифа Гедбан во последната минута имаше важна интервенција а Вардар со 32-30 стигна до втор сезонски триумф над Кристијанштад и вкупно осми во досегашни пресметки со тимот од Шведска.Криштопанс го предводеше Вардар до победата со осум реализации, Шишкарев постигна пет гола, Скубе заврши со четири.
ВАРДАР: Милосављев, Гедбан, Стоилов 3, Недановски, Поповски, Кристопанс 8, Мораеш 3, Дисингер 2, Карачиќ 2, Скубе 4, Калараш, Чупиќ, Дибиров 3, Шишкарев 5, Војводиќ, Кисељев 2.