Варан ја најави победата на Франција, Муслера со кискот ја запечати (ВИДЕО)

По Аргентина, Франција елиминираше уште една јужноамериканска репрезентацијата во нокаут рундата на Светското фудбалско првенство во Русија.

„Триколорите“ со 2-0 славеа против Уругвај и си обезбедија место во полуфиналето. Со по еден гол во двете полувремиња, се чини Франција лесно се справи со ослабениот противник, кој беше без повредениот Единсон Кавани.

Победата ја најави Рафаел Варан, кој реализираше со глава по одличниот центаршут од слободен удар на Антоан Гризман во 40-тата минута. По еден час игра Гризман се запиша во листата на стрелците и тоа благодарение на ужасната интервенција на уругајскиот голман Фернандо Муслера. До крајот на натпреварот Франција знаеше како да го задржи водството и не му дозволи на противникот да се понедава на пресврт.

Франција во полуфиналето ќе игра со подобриот од пресметката помеѓу Бразил и Белгија.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ