Усик во конкуренција за титулата во WBO
Светската боксерска федерација најави дека Александар Усик е еден од кандидатите за меч за титулата во оваа верзија, но за да остане во конкуренција тој ќе мора да има барем еден меч во тешка категорија.
Усик веќе го договори дуелот против Карлос Такам што ќе се одржи на 12 или 19 октомври во Чикаго и доколку успее да триумфира тој ќе има шанса во текот на 2020 година да се бори за титулата во WBO.
Според најавите од WBO победникот од реваншот меѓу Анди Руиз и Ентони Џошуа во мај следната година ќе мора да ја брани титулата, а покрај Усик во конкуренција за тој меч е и Бугаринот, Кубрат Пулев.