Унгарија со пресврт го победи Исланд и ја елиминираше Франција

Сензационален натпревар во Малме, меѓу Исланд и Унгарија која со шест гола го победи Исланд со 24-18.
Исланѓаните беа подобри во првото полувреме и во еден момент водеа и со пет голови разлика, но во вторите 30 минути Унгарија направи сензационален пресврт. Тие го задржаа противникот на само шест постигнати гола цело полувреме и заслужено дојде до триумф, кој значи и прво место во групата Е и два бода во главната фаза.
Стрелец на натпреварот беше Банхиди од Унгарија со осум погодоци. И покрај поразот, Исланд се пласира во следната фаза како второпласиран зад селекцијата на Унгарија.
Со оваа победа на Унгарија, од Европското првенство елиминација дожвеа еден од најголемите фаворити за тронот – Данска.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ