
Украина вечерва се среќава со Швајцарија
Нашиот противник во фазата по групи на Европското првенство, селекцијата на Украина денеска ќе го одигра првиот контролен натпревар, а противник е репрезентацијата на Швајцарија.
Украинците се дел од меѓународниот турнир Yellow Cup каде покрај домаќинот Швајцарија настапуваат уште селекциите на Тунис и Холандија.
Првиот натпревар против домаќините Украинците го играат од 20 часот и 15 минути. Утре противник им е селекцијата на Холандија, а почетокот е закажан за 17 и 15 додека в недела во последното коло Украина се среќава со Тунис и стартот на дуелот е во 13 часот и 30 минути.
Репрезентацијата на Чешка в сабота гостува во Ѓер каде ќе се соочи со Унгарија. Првиот од двата натпревари почнува во 16 часот.
В понеделник на шести овој месец селекцијата на Австрија ја има единствената контрола пред почетокот на континенталното првенство. Во Виена од 14 часот и 45 минути, Австријците ќе одиграат контролен дуел со селекцијата на Германија.