УЕФА ги одложи натпреварите на неодреден рок
По денешната видео конференција со генералните секретари на националните фудбалски асоцијации УЕФА објави соопштение во кое ги образложи сите одлуки.
- Сите натпревари меѓу националните тимови (мажи и жени) кои првично беа закажани за Јуни 2020. се одложуваат. УЕФА дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на истите. Одуката ги вклучува и плеј – оф натпреварите за пласман на ЕВРО 2020 и квалификациските натпревари за ЕП 2021 за жени.
- Финалниот турнир од Европското првенство до 17 години кој беше закажан за Мај 2020 година, исто така е откажан. Во претходно одредениот термин, Јули 2020 и Мај 2020. нема да се одиграат ниту финалните турнири од Европското првенство за девојки до 19 и 17 години. Финалниот турнир од Европското првенство до 19 години закажан за Јули 2020. се одлага, а терминот на одигрување дополнително ќе биде објавен.
- УЕФА Лигата на Шампиони во футсал закажана за Април 2020. се одложува до дополнително известување за новиот термин.
- Сите останати мечеви од натпреварувањата на УЕФА, вклучувајќи ги и пријателските натпревари остануваат одложени.
- Роковите поврзани со сите клупски натпреварувањана УЕФА 2020/21 се одложени до понатамошно известување, особено во однос на процесот на регистрација на играчи. УЕФА дополнително ќе одреди нови рокови.
- Како резултат на зголемената неизвесност предизвикана од тековните вонредни настани, Извршниот комитетот, исто така, одлучи да ги прекине одредбите за лиценцирање на клубовите кои се однесуваат на подготовките и проценка на идните финансиски информации на клубовите. Оваа одлука се применува исклучиво за учество на клупските натпреварувања на УЕФА од натпреварувачката 2020/21 година.