УЕФА ги демантира Хетафе и Лион

Висок функционер на УЕФА ги демантираше изјавите на претседателите на Лион и Хетафе дека до клубовите се испратени дописи со точни термини за одигрување на дуелите против Јувентус и Интер. Тој истакна дека се уште нема никаква одлука и дека таа ќе биде донесена кон крајот на мај.

Претходно првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола и неговиот колега од Хетафе, Анхел Торес изјавија дека до клубовите пристигнал допис од УЕФА во кој се потврдени точните датуми на одигрувањето на натпреварите.

Според нив Хетафе против Интер треба да се соочи на 6 или 7 август, а три дена подоцна да се игра реваншот во Милано.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ