Црна Гора заработи казна поради расизам

Фудбалската репрезентација на Црна Гора следниот натпревар на домашен терен од квалификациите за Европското првенство во 2020 година ќе го одигра без пристуство на публика поради расистичките навреди на навивачите кон англиските репрезентативци на дуелот во Подгорица, што се одигра минатиот месец.

Фудбалската федерација на оваа земја исто така заработи и парична казна од 20.000 евра поради палење на пиротехнички средства, фрлање на тврди предмети на теренот и поради инциденти на трибините.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ