Црна Гора против Белорусија во битка за втората фаза

На петтиот натпреварувачки ден на Европското првенство во ракомет се играат натпревари од групите А, Ц и Е.

Во групата А, Црна Гора и Белорусија во меѓусебен дуел ќе одлучат која од овие две репрезентации ќе и се приклучи на Хрватска во главната фаза. „Коцкестите“ си ја завршија работата во првите две кола со победите над Црна Гора и Белорусија и го обезбедија првото место, па вечерашниот дуел со Србија ќе биде чисто „пријателски“, бидејќи нивниот противник нема шанси за прогрес по двата порази. Преносот од овој натпревар е вечерва во 20.30 часот на Телма.

Актуелниот европски првак Шпанија во рамки на групата Ц денеска се среќава со дебитантот Холандија и ќе сака да го продолжи максималниот ефект. Германија мора да победи против Летонија за прогрес во следната фаза.

Во групата Е денеска се игра 2.коло, а Исланд се среќава со Русија, а овој натпревар ќе можете да го гледата во живо на Телма од 18.15 часот. Актуелниот светски и олимписки шампион Данска оди на мегдан со Унгарија. Данците доколку сакаат да се пласираат во втората рунда денеска мораат да слават, бидејќи во првото коло загубија од Исланд.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ