
„Цепелинот“ и „шраубата“ на Македонија против Германија – мелем за очи (ВИДЕО)
Македонија не само што одигра маестрално против Германија во ремито 25-25, туку одигра и атрактивно за навивачите и гледачите.
Двојниот „цепелин“ на Кире Лазаров и Гоце Георгиевски предизвика овации во „Загрепска Арена“, а „шраубата“ на Столе Столиов ги остави Германците со подзинати усти.