ТРОЈЦА ПОЗИТИВНИ ВО КЕЛН,ТРЕНИНЗИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Бундеслигашот  Келн објави дека три лица од клубот имале позитивни тестови  на Kовид 19.Во клупската изјава не е наведено дали позитивно  тестираните лица се фудбалери  или дел од  персоналот.Целиот играчки и тренерски тим на клубот беше тестиран во четвртокот и тројцата, кои се без симптоми, сега ќе одат во 14 дневен карантин.Остатокот од составот ќе продолжи да тренира а  како и другите германските клубови треба да чека  една недела за одлука околу  повторно започнување на сезоната, откако германската влада во четвртокот ја одложи најавата за рестарт.Прогнозите  се дека Бундес лигата ќе продолжи во средината на мај.Германското првенство е во прекин од 11 март.После 25 кола водечки е Баерн Минхен со 55 бодови,4 повеќе од Борусија Д.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ