ТРОФЕЈ КАРПАТИ: ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА НАД АЛЖИР,УТРЕ ФИНАЛЕ СО РОМАНИЈА

Комбинираниот состав  под водство на селекторот Данило Брестовац избори финале во Букурешт.Ракометарите што конкурираат за место на ЕП одиграа одлично прво полувреме и неизвесни, заврши 10 минути против Алжир и на крајот  се радуваа на победа од 25-24.Младите  сили тргнаа одлично и после водство од 15-9 на полувремето се чинеше дека има доволно залет и за вториот дел.Алжир успеа за 15-тина минути да ја преполови предноста на Македонија и понесен од одбраните на вардаровецот Калифа Гебдан се доближуваше на само еден разлика .Период во кој идеја во нападот имаше Танкоски а по   игра гол за гол, противникот имаше можност да изедначи во последната минута,но Митрески не дозволи реализација на  Алжир и ја одбрани  предноста од 25-24.Плејот  Марио Танкоски беше најефикасен со осум голови. Крилото Поповски заврши со  четири, по три постигнаа Мишевски, Велковски и Никола Маркоски. Димитриоски реалзираше  два гола, по еден погодок против алжирците запишаа Маџовски и Костески.Митревски заврши со 8 одбрани.Утре во натпревар за 1.место,Македонија ќе игра со Романија.Домаќинот се избори за финале со победа од 27-25 над Холандија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ