
Триумф на Климов за историја во Светскиот куп
Евгениј Климов е победник на натпреварувањето во ски скокови што се одржа во Висла и влезе во историјата на Светскиот куп како прв руски скокач кој се искачил на највисокото место на подиумот.
Климов во двете серии имаше скокови од 127,5 у 131,5 метри и за 6,7 бода беше поуспешен од Германецот, Стефан Леје додека трет е Риоју Кобајаши, кој забележа скокови од 137,5 и 127 метри.
Миленикот на домашната публика Полјакот, Камил Стох настапот во Висла го заврши на четвртото место со прескокнати 126,5 и 127 метри.
Светскиот куп продолжува следната недела со натпреварувањето во финскиот зимски центар Кусамо.