
Тричковски: Да ја искористиме историската шанса
Фудбалската репрезентација на Македонија утре против Гибралатар ќе го одигра последниот натпревар од првата фаза во Лигата на нации. Македонските репрезентативци најавуваат дека ќе одиграат на највисоко ниво за да се стигне до убедлива победа и да се потврди првото место во групата.
“Не очекувам лесна победа. Гибралтар игра дефанзивно.Меѓутоа, очекувам посветеност од сите нас да биде на највисоко ниво. Само така ние може да направиме победата да биде полесна. Се стремиме да даваме што повеќе голови, но не е лесно со дефанзивни селекции да се игра така офанзивно и да се дава голови. Како и да е, имаме историска шанса да пласман за едно големо натпреварување и се надевам на што поголема поддршка и заедно со навивачите да славиме”, изјави Иван Тричковски.