Три најдобри резултати на светот во Шангај

Шангај денеска беше домаќин на вториот митинг од Дијамантската лига на кој беа постигнати три најдобри резултати на светот сезонава.

Во трката на 1500 метри триумф на Мароканката, Рабабе Арафи која на целта пристигна со време од 4 минути, 1 секунда и 15 стотинки и го надмина постигнувањето на Гудаф Цегаи од Етиопија.

На 3000 метри со пречки славеше Беатрис Чепкоеч која покрај најдоброто време на светот сезонава го собори и рекордот на митингот. Најдобар резултат сезонава постигна и Јомиф Кејлеча од Етиопија, кој славеше во трката на 5000 метри.

На 100 метри триумф на Ноа Лајлс кој низ целта мина со време од 9 секунди и 86 стотинки, а идентичен резултат забележа и неговиот сонародник Кристијан Колман.

На 110 метри со пречки најбрз беше Омар МекЛеод од Јамајка пред Шие Вен Јун и Сергеј Шубенков, а во женскиот спринт триумф на Алеј Хобс од САД, втора е Блесинг Окакбаре, а трета Елејн Томпсон.

Следниот митинг од серијата ќе се одржи во Стокхолм на 30 овој месец.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ