ТРЕТА ПОБЕДА НА КОШАРКАРИТЕ

Македонскиот кошаркарски тим влезе во победничка серија од претквалификациите за континенталниот турнир во 2021 година.Синоќа во СЦ Јане Сандански,македонската селекција ја надигра Словачка со 87-74 и со третиот триумф во А групата се зацврсти на 1.место со позиција за следниот круг од прелиминарните Евро-квалификации.

Составот што го предводи селекторот Јорданчо Давитков се наметна како фаворит уште од во првите десет минути ,но вистинската разлика за нов триумф над Словаците,Црвено-жолтите ја покажа во втората четвртина.Гостите стигнаа до водтсво од 29-28,но со серија од 15-0,Македонија ја врати предноста и на полувремето замина со 52-37.Во второто полувреме после водтсвото од 65-40,Давитков има даде шанса на сите играчи а Словаците заминаа од Скопје со минус 13 .Во дресот на Македонија ,Ричард Хендрикс имаше ефект од 23 поени и 13 скокови.Бојан Трајковски се врати во составот со 14 коша,Војдан Стојановски постигна 12. Кај Словаците, најдобри беа Курич и Кернер со по 17 поени.Во последното коло од првиот квалификациски прозорец,Македонија во месец јуни и гостува на Швајцарија за потврда на 1.место во групата кое може да биде загрозено само во случај на пораз со повеќе од 15 поени.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ