Требаше да биде финале: Арсенал против Атлетико М. во Лигата на Европа

Во второто по ранг клупско натпреварување, Лигата на Европа исто така во полуфиналето се сретнаа најголемите фаворити. Арсенал и Атлетико Мадрид, кои ќе го одиграат својот прв меѓусебен натпревар во историјата.

Втората полуфинална двојка е Салцбург против Олимпик Марсеј. Овие два тима играа меѓусебе и во групната фаза сезонава, а Австријците на домашен терен славеа со 1-0, додека на „Велодром“ беше 0-0.

Марсеј е домаќин на првиот дуел на 26 април, исто како и Арсенал против Атлетико,  додека реваншите се закажани за 3 мај. Финалето е во Лион на 16 мај.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ