
Торонто, Филаделфија и Портланд во полуфиналето
Комплетирани се полуфиналните двојки во разигрувањето за титулата во Источната конференција. За место во финалето ќе се соочат Милвоки – Бостон и Филаделфија – Торонто.
Филаделфија го совлада Бруклин со 122:100 и со вкупен резултат 4:1 ја продолжи битката за трофејот. Џоел Ембид мечот го заврши со 23 поени и 11 скока, а Бен Симонс беше стрелец на 13 поени.
Четвртата победа ја забележа и Торонто триумфирајќи над Орландо со 115:96. Каваи Леонард имаѓе учинок од 27 поени и седум освоени топки под обрачите, а Паскал Сиакам постигна 24 поени. На спротивната страна Ди Џеј Аугустин имаше 15 поени.
Место во полуфиналето на Западот обезбеди Портланд откако во петтиот натпревар славеше над Оклахома со 118:115. Демијан Лилард, кој беше стрелец на решавачката тројка за победа впиша 50 поени, шест асистенции и седум скока, а Мо Харклес и Си Џеј МекКалум постигнаа по 17 поени. Во поразениот тим Пол Џорџ забележа 36 поени и девет освоени топки, а Расел Вестбрук додаде 29 поени и 14 скока.
Во последниот дуел од вечерашната програма Денвер го совлада Сан Антонио со 108:90 и во серијата поведе со 3:2.