
Тимот на Леброн го победи тимот на Јанис на НБА „Ол стар“
Во последниот трет ден од 68.НБА Ол Стар викенд кој се одржа во Шарлот се соочија екипи избрани од своите капитени,Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо.Победи составот на Џејмс со 178-164 кој имаше одлично второ полувреме. Кевин Дурент е прогласен за најкорисен играч. Кошаркарот на Голден стејт заврши со 31 поен, седум скока и две асистенции за неполни 26 минути. поминати на теренот.