
Тим го елиминираше Нишикори: Австриецот има математички шанси за полуфинале
Доминик Тим го совлада Кеи Нишикори со 6-1 и 6-4 во рамки на 3.коло од групата „Лејтон Хјуит“ на завршниот мастерс турнир во Лондон.
Австриецот со овој триумф ги задржа шансите да се пласира во полуфиналето, додека Јапонецот е елиминиран.
Вечерва играат Роџер Федерер и Кевин Андерсон. Јужноафриканецот е сигурно во полуфиналето, но не е сигурен на првата позиција. Доколку Федерер победи со било кој резултат, двајцата одат во полуфиналето, додека на Швајцарецот му одговара пораз од 2-1 за да обезбеди прогрес во следната фаза.
Единствен начин Федерер да не оди во полуфинале е ако загуби со 2-0 во сетови и вкупната гем-разлика да биде осум или повеќе. Со таков пораз на Федерер во полуфиналето би се квалификувал Доминик Тим заедно со Кевин Андерсон.