Тексашкото дерби за Далас, продолжува победничката серија на Минесота

Во НБА лигата одиграни се 10 натпревари. Во тексашкото дерби Далас со 128:108 го совлада Хјустон и ја забележа третата победа во низа.  Лука Дончиќ мечот го заврши со 20 поени и шест скока, Девин Херис додаде 20 поени и четири додавања додека Херисон Барнс и Џеј Џеј Бареа беа стрелци на по 13 поени.

Во поразениот тим Џејмс Харден имаше учинок од 25 поени, 11 освоени топки под обрачите и 17 асистенции, но тоа не беше доволно Хјустон освен во третиот период достојно да му се спротивстави на ривалот. Џејмс Енис, Клинт Капела и Дануел Хаус постигнаа по 18 поени.

Минесота славеше над Сан Антонио со 128:89 и со четвртата последователна победа се приклучи во трката за влез меѓу осумте најдобри на Западот.

Роберт Ковингтон забележа 21 поен и девет скока, а Карл Ентони Таунс впиша 16 поени и 11 скока. Во редовите на Сан Антонио најефикасен со 14 поени беше Јакоб Пелтл.

 

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Атланта                           108:94

Филаделфија – Њујорк                  117:91

Бруклин – Јута                                  91:101

Милвоки – Чикаго                          116:113

Њу Орлеанс – Вашингтон           125:104

Оклахома – Кливленд                  100:83

Портланд – Орландо                     115:112

ЛА Клиперс – Феникс                    115:112

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ