Талески: Не го дадовме најдоброто и не го послушавме Раул

Левиот бек на Македонија, Филип Талески смета дека играчите не го послушале Раул Гонзалес. Доколку на терен биле применети неговите инструкции сигурно ќе беше поинаку.

„Се виде дека од голема важност што го немавме Кире. Тој пех и лошото отворање на натпреварот не чинеше овој меч. Се што правевме потоа беше залудно. Разликата беше недостижна. Имаве многу продадени топки, а потоа второто полувреме беше само формалност Шпанија да си го добие натпреварот. Не го дадовме најдоброто, бевме различни од тоа што ни го кажа Раул. Да ги послушавме неговите инструкции можеби ќе беше подобро. Што е тука е. Ни остануваат уште два натревари. Имаме уште шанси, ако сакаме да играме во полуфинале мораме да ги добиеме тие два натпревари“, изјави Талески по натпреварот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ