
Талески: На победа против Исланд
Македонската машка ракометна репрезентација утре од 21:45 против селекцијата на Исланд ќе го одигра третиот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Натпреварот ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма, а половина час претходно почнува нашата специјална емисија.
“Често играме со Исланд, оваа селекција е наш стар познаник. Свесни сме за влогот на овој двомеч, не смееме да си дозволиме да не играме на ЕП, тоа би донело голем пад за нашата репрезентација. Нема да дозволиме такво нешто. Свесно сме претпазливи пред двомечот со Исланд, знаеме дека против себе ќе имаме квалитетен противник. Ни треба најмалку една победа, ако не излезе ситуацијат акако што посакуваме, ќе се соочиме со сериозен проблем”, истакна Филип Талески.
Вториот меч со Исланѓаните го играме в недела од 20 часот во арената Борис Трајковски, а и овој натпревар ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма.