Суперкласико нема да се игра во Аргентина

Реванш натпреварот од финалето во Купот Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се одигра на осми или деветти следниот месец, но  не во Аргентина. Ова е одлуката на Јужно-американската конфедерација која беше донесена на денешниот состанок во Асунсион.

“Натпреварот ќе се игра надвор од Аргентина бидејќи таму не постојат услови”, изјави првиот човек на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез по состанокот во Парагвај.

Во овој момент се уште не е одредено местото каде ќе се игра овој меч, но се шпекулира дека меѓу потенцијалните кандидати се вбројуваат Асунсион, Џенова или некој град во Колумбија или Бразил.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ