Судиите заминуваат во пензија, беровскиот и кочанскиот суд се празнат

Преполовен е бројот на судиите во судовите низ источниот регион. Во виничкиот суд работи само претседателот, а од пред еден месец и делегиран судија од штипскиот суд, кој треба да реши над 100 кривични и граѓански предмети, речиси истатата состојба е и во беровскиот и кочанскиот суд, каде што наскоро треба да заминат и неколку судии во пензија. Во штипскиот, кој е и најголем во регионот работат вкупно 13 судии, заедно со претседателот. Последниот избор на судии е извршен пред осум години, откогаш нема прием на нови.  како суд со проширена надлежност постојано им се трупаат предмети.

Годишно двајца судии решаваат 1.800 прекршочни, а исто толку судии работат на работните спорови. Судиите имаат примено над 1.500 предмети за работните спорови, од кои понатаму најголеми тужители на државата остануваат полицајците, потоа припадниците на АРМ, пожарникарите, а лани и здравствените работници. Засега единствена надеж да се зголеми бројот на судии, но и обвинители во земјава е последниот оглас на Академијата.

Колку од овие кандидати ќе бидат примени ќе се знае наскоро, инаку на државно ниво огласот е за 60 идни судии и обвинители, коишто треба да ги пополнат испразнетите местa, по  две години.

Викоторија Јованова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ