
Суарез го одведе Уругвај во осминафиналето на СП (ВИДЕО)
Репрезентацијата на Уругвај и се приклучи на Русија во осминафиналето на Светкото првенство, откако славеше со минимални 1-0 против Саудиска Арабија.
Овие две репрезентации сега во меѓусебен дуел во понеделник во рамки на третото коло од групата А ќе одлучат за првото, односно второто место.
Победничкиот гол за Уругвајците денеска го постигна Луис Суарез, кој реализираше во 23-тата минута од натпреварот.
За голгетерот тоа беше 52. гол во дресот на репрезентацијата на јубилејниот 100-ти настап.