Суарез ’’доби’’ терен во Монтевидео
По 11 години играње фудбал надвор од границите на родната земја,Луис Суарез се врати во својот прв клуб.Напаѓачот беше почесен гостин во Монтевидео.Неговиот поранешен клуб Национал промовираше нов терен за тренинг што ќе го носи името на звездата на Барселона и Уругвај. Национал од Монтевидео го негуваше талентот на Суарез како тинејџер, а во сезоната 2005-06 како 18-годишник, тој им помогна во освојување на титула во Примера Дивизион постигнувајки 10 голови на 30 натпревари.Неговиот квалитет брзо беше препознаен и Суарез во следната сезона го имаше своето деби за Гронинген во Холандија а потоа следеа неколку фантасични сезони кај Ајакс и Ливерпул а од 2014 уругваецот е дел од Барселона.Суарез има освоено 18 трофеи во кариерета но и заработено неколку скандалозни суспензии поради гризење на противнички играч,во 2010,2013 и на СП во 2014 година.