
Стојановски 37. во трката на 400 метри слободно
Од денеска па до недела во кинескиот град Хангжу се одржува Светското првенство во пливање во 25 метарски базени, а Македонија ќе ја претставуваат Љупчо Ангеловски и Андреј Стојановски.
На првиот ден од првенството во квалификациите на 400 метри слободно настапи Стојановски кој на целта пристигна со време од 4 минути пет секунди и 12 стотинки и на крајот го освои 37-то место во конкуренција на 41 натпреварувач.
Стојановски утре ќе биде дел од квалификациите на 200 метри слободно и ќе биде дел од третата група каде е пријавен со подобар резултат од четири натпреварувачи.
Нашиот втор претставник Љупчо Ангеловски прв пат ќе настапи во четврток кога на програмата се кавалификациите на 50 метри слободно.