Стевановиќ несовладлив за нови два бода на Хрватска

По две слаби средби Хрватска конечно одигра како што очекува домашната јавност и публиката што ја исполни „арена Загреб“ на 13. Европско ракометно првенство во триумфот над Норвешка со 32:28 во второто коло од Групата 1 што се угра во Загреб.

Со голема самодоверба „коцкестите“ го одиграа овој многу важен меч на патот кон исполнување на целта – пласман во полуфинале. Од самиот почеток ги држеа конците во свои раце и во ниту еден момент не му дозволија на светскиот вицепрвак да ја доведе во прашање втората победа во Главната фаза, реванширајќи му се за поразот во полуфиналето на СП во Франција минатата година.

Голманот Стевановиќ се разбуди и конечно со 14 одбрани ја остави во игра Хрватска за полуфинале. Во нападот голот на Норвешка го полнеа, Мануел Штрлек со шест голови, а него го пратеа играчите на Вардар, Лука Циндриќ со пет и Иван Чупиќ со три погодока, колку што реализираа Марино Мариќ, Лука Степанчиќ, Златко Хорват и Желјко Муса. Во спротивниот табор Сандер Сагосен беше прв стрелец со осум голови, два помалку запиша Кристијан Бјорнсен.

Пред последниот меч од Главната фаза, шансите на Хрватска за полуфинале се реални но за тоа да се оствари ќе треба да го добие светскиот првак Франција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ