Српски судија ќе ја дели правдата на финалето во ЛШ

Српскиот судија Милорад Мажиќ ќе ја дели правдата на финалето во Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, што се игра на 26 мај во Киев, Украина.

Од претходно се знаеше дека тој е меѓу главните кандидати, но денеска Судиската организација при УЕФА донесе конечна одлука. 45-годишниот Србин е интернационален судија уште од 2009 година, а досега најголем успех во кариерата му е делењето на правдата на финалето од Купот на конфедерациите минатото лето помеѓу Чиле и Германија.

Бјорн Кујперс од Холандија ќе го суди финалето во Лигата на Европа, што се игра на 16 мај во Лион, помеѓу Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ