
Србија и Летонија домаќини на женскиот Евробаскет
Од денеска во Србија и Летонија почнува Европското првенство во кошарка во женска конкуренција. Првата фаза од натпреварувањето ќе се игра во двете земји, а домаќин на елиминацискиот дел од шампионатот ќе се одржи во Србија.
Натпреварите од А и Б групата се играат во Рига. ВО првиот меч од А конкуренцијата се среќаваат Велика Британија – Летонија и Украина – Шпанија. Во првото коло во Б групата на програмата се мечевите Шведска – Црна Гора и Франција – Чешка. Првиот дуел веќе заврши а Шведска славеше над Црна Гора со 67:51.
Ниш и салата Чаир се домаќини на Ц конкуренцијата. Од 16 часот Унгарија за противник ја има Словенија додека за 18 часот е закажан почетокот на мечот во кој Словенија ќе се соочи со Турција.
И во Д групата што се игра во Зрењанин домаќинот Србија на стартот игра против Белорусија додека Русија ќе се соочи со Белгија.