Спортистите сепак без зелено светло во Шпанија

Шпанскиот  фудбалски прволигаш Реал Сосиедад, сепак  нема да започне со најавениот  тренинг во вторник, бидејќи сите спортски активности и натаму ќе бидат  забранети соопшти денеска  Шпанската национална канцеларија за спорт.

 

По одлука на Шпанската  влада  дека од утре  работниците и во другите  дејности   а не само во тие што се неопходни  можат да одат на работа, Реал Сосиедад  најави индивидуални тренинзи за своите фудбалери.

Играчите од првиот тим ќе имаат можност да ја продолжат својата индивидуална работа во „Кампот Зубиета“ од вторник,објави претходно клубот од Сан Себастијан.

Но, таа опција не се однесува на спортистите, соопштија денеска од  државната канцеларија за спорт.Сите спортски и рекреативни објекти, вклучувајќи ги фудбалските терени, остануваат затворени. Затоа, Реал Сосиедад нема да тренира во вторник во својот камп, објави  ЦДС за шпанскиот јавен сервис.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ