Спасовски: Протести се демократско право, но не со насилни елементи пред домови на пратеници

Демократијата подразбира и право на протест, но не е демократски ако во тие протести има елементи на насилство, е ставот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, з апротестите кои деновиве се одвиваат пред домовите на пратениците од редовите на СДСМ по узвојување на Законот за употреба на јазиците. Тој гостувајќи вечерва во Топ Тема на Ваша страна рече дека демократско право е едно, а протестирање пред домови на пратеници друго прашање.

„Во дел од тие протести се појавуваат и елеметни на насилство. Протестите се одвиваат пред нивните куќи каде живеат во соседството и други луѓе. И на нив им се создава чуство на небезбедност и тоа не е демократски“, изјави Спасовски.

На пралелата на протестите на „Шарената револуција“ во 2016 година пред домот на Никола Груевски, Спасовски кој и тогаш беше министер рече дека и тогаш и сега полицијата  постапувала исто, но оти протестите се различни.

„И во протестите пред домот на Груевски преземавме сериозни мерки за неговата безбедност. Но тогаш протестите и овие сега се различни“,  рече Спасовски.

Спасовски во интервјуто отфрли постоење на непотизам во набавката по итна постапка на возила за МВР од кумановската фирма „Де лукс“, иако потврди дека СДСМ во 2014 година, кога тој бил нејзин генерален секретар набавила возила „шкоди“од истата компанија.

„Да, го понавам сопственикот, од Куманово е. Но јас го познавам и сопственикот на “Порше“.  Зар треба да значи дека ако ги познавам сите компании треба да бараме фирми од Србија за набавка кои не ги познавам“, рече Спасовски.

Спасовски за случај „Сопот“ за кој СЈО го повлече обвинението поради немање докази, со што обвинетите се ослободни рече дека во постапките, и досега за „Сопот“, се што е побарано од МВР како документи е доставено до ЈО и СЈО. Тој рече дека МВР, доколку има ново барање за дополнителна исртрага ќе помогне за да се расчисти одреден настан. За евентуална истрага за одговорност за случајот „Сопот“ на тогашниот министер за внатрешни во владата на СДСМ Хари Костов, првиот човек на УБК, Зоран Верушевски, но и други високи членови на СДСМ, Спасовски рече дека нема да има политички влијанија.

„Нема апсолутно зошто да штитиме било кој поединец кој работел спротивно на законот, но тоа треба да се докаже и ако има било каква постапка ние ќе ја водиме најстраспарентно“, рече Спасовски.

Првиот човек на МВР за прведувањето на негов близок соработник од кабинетот за откривање на осомничен дека се водат ПИ мерки против него, рече дека секој што прави каква и да е нелегална активност ќе биде санкциониран.

„Случајот на близок соработник од мојот кабинет е предаден во ЈО и е суспендиране. Тој во ниту еден случај не треба да ги знае ПИ-мерките и истрагата ќе покаже кој и како му ги дал. Целта ни е да дознаеме од каде му се информациите“, рече Спасовски.

За случајот во јавноста познат како „пајак“ Спасовски рече дека во случајот на Беќир Асани е утврдено дека има само вербален напад.

„Се е доставено до ЈО, а се подготвува и извештај на внатрешна контрола која ќе биде доставено до ЈО. Снимката може да ја види јавноста ако дозволи Обвинителство“, рече Спасовски.

Спасовски во Топ тема на Ваша страна рече дека се јакне внатршната контрола во МВР за да се сузбие злоупотребата на должноста на полицјаците, се прави контрола на вработувањата и дипломите, при што рече дека по пријави досега се откриени 18 вработни со лажни дипломи по што им бил прекинат работниот однос. Тој негира дека ДУИ во МВР вработувала по „партиски клуч“, но дека се проверуваат сите наводи за такво нешто. Генерално за непотизмот при вработувањата во МВР, министерот е на став дека за него не е непотизам ако се вработуваат квалитени кадри. Првиот човек на МВР најави враќање на авторитетот на полицијата и преку надворешна контрола. Во тој контескт Спасовски рече дека е започнато и со реформирање на единицата „алфи“ и сеопфатна проверка на припадниците на единицата.

Првиот човек на полицијата во Топ Тема на Ваша страна изјави дека полицијата нема доволно човечки ресурси.

„Ние сме сериозно оштетени во поглед на човечките ресурси, особено во Скопје“, рече Спасовски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ