СП ВО МОТОЦИКЛИЗАМ: МАРК МАРКЕЗ НАЈБРЗ НА ГЕРМАНСКОТО ГРАН ПРИ
Марк Маркез,актуелниот светски шампион во МОТО ГП класата денеска победи на 9 трка од сезоната што се возеше на патеката Заксенринг во Германија.
Шпанскиот ас на Хонда имаше перфектен викенд.Маркез тргна од пол позиција и доминираше на германската патека откако по слабиот старт се врати на 1.место.Светкиот првак има серија од шест први места во Премирната класа на Заксенринг,девет во сите конкуренции и воедно, по петти пат во 2018 се искачи највисоко на подиумот.Соло трка возеше и најпопулараниот МОТО ГП возач, Валентино Роси.Италијанцот на Јамаха го освои 2.место пред клупскиот колега ,шпанецот Маверик Вињалес кој ја доби битката со Данило Петручи.После 9 од 19 трки ,Маркез го зголеми бодовното салдо во генералниот пласман на 165 ,46 повеќе од Роси. Јужноафриканецот Бред Биндер на КТМ победи во Мото 2,во МОТО 3 класата најбрз шпанецот Хорхе Мартин на Хонда.СП во мотоциклизам продолжува на 5 август во Чешка.