
СП РУСИЈА: ШВЕДСКА И МЕКСИКО ВО 1/8 ФИНАЛЕ,ЕЛИМИНАЦИЈА НА ГЕРМАНИЈА
Јужна Кореја приреди сензација со победа и елиминација на Германија во последното 3.коло од натпреварите на Ф групата.Корејците славеа над шамионот од 2014 со 2-0 а по триумфот на Шведска над Мексико од 3-0,Шведска и Мексико се пласираа во осминафиналето.Пo двете неубедливи партии против Мексико и Шведска во првите две кола, дененска на Казан Арена на Германија и требаше и минимална победа за да обезбеди пласман во осминафиналето, После пропуштените шанси во вториот дел, пристигна голема казна во судиското надополнување. Ким погоди за 1:0 во 93-та минута откако беше прегледана спорна офсајд ситуација со ВАР системот, а шокот го потврди Сон три минути подоцна откако и Нојер се префлри на противничката половина.Германија за прв пат во историјата на СП-ва, не успеа да ја мине групната фаза.
Шведска со победа од 3-0 над Мексико во Екатерингбург го освои 1.место во групата.Головите за скандинавците ги реализираа Аугустинсон во 50.Гранквист во 62 од пенал а во 74 минута Алаварез постигна автогол.