
СП РУСИЈА: ФРАНЦИЈА ВО 1/8 ФИНАЛЕ,РЕМИ НА ДАНСКА И АВСТРАЛИЈА
Франција им се приклучи на Русија и Уругвај во осминафиналето на СП во фудбал.
Триколорите со минимални 1-0 ,по втор пат на турнирот во Русија освоија три бода и после тешко извојуваниот триумф над Перу го заверија пласманот во следната фаза.Голот за победа на Франција беше дело на 19 годишниот Килијан Мбапе.Најмладиот стрелец за Франција на СП-ва,во 34 минута ја казни неефикасноста на Гереро кој претходно беше во идеална прилика на другата страна од теренот во Екатеринбург.Во продолжение Перу не успеа да направи пресврт или да избори реми и независно од резулатите на 3.коло во групата со два порази го завршува настапот во Русија.Претходно во истата Ц група,Данска и Австралија одиграа со 1-1.Дуелот во Самара понуди два гола реализирани во првото полувреме. Кристијан Ериксен ефектно во 7 минута и донесе предност на Данска.Миле Једињак израмни од пенал во 38-та .Ударот од 11-метри беше досуден од судијата Лахос откако го повика на помош ВАР системот.На табелата, Франција има 6 бодови,Данска 4,Австралија со еден бод се надева на убедлива победа над Перу како и пораз на Данска од Франција во последното 3.коло.Утре со мечот Нигерија –Исланд ќе се комплетира 2.коло на Д групата,а на програма се и дуелите од групата Е, Бразил-Костарика и Србија-Швајцарија.