СП РУСИЈА: БЕЛГИЈА ОСМИНАФИНАЛИСТ,МЕКСИКО БЛИСКУ ДО СЛЕДНАТА ФАЗА

Белгија е петта селекција која избори осминафинале по некомплетното 2.коло од СП во Русија.После стартните  3-0 против Панама,попладнево во Москва,Белгија со 5-2 го надигра  Тунис.Фаворитот го искористи пеналот на Азар и стигна до водствсо уште во 6. минута.Лукаку  ја зголеми предноста  на Белгија во 16 минута, а надеж за Тунис  во таа фаза од мечот  овозможи Бронин  две минути подоцна.За предност  од 3-1 на полувремето се погржи повторно Лукаку.Во продолжение, Азар зголеми на 4-1 во 51 минута.Батшуаји во 90-та погоди за 5-1 а најефикасниот меч на мундијалот во Русија го заврши Казри во 93-та  за финални Белгија-Тунис 5-2.Утре во вториот натпревар од групата Г, Англија игра со Панама. На табелата,Белгија има 6 бода, Англија  3  и натпревар помалку, а Панама и Тунис се без бодови.

Во групата Ф,Мексико со 2-1 ја совлада  Јужна Кореја.Мексико поведе со 1:0 во 26-та минута со гол од пенал, кој го реализираше Карлос Вела.Во вториот дел прецизен беше Хавиер Хернандес и во 66-та минута донесе водство од 2:0.Јужна Кореја со голот на Сон Хеунг-Мин успеа да ја намали разликата во судиското продолжение и во 93-та минута ги постави конечните 2:1.Од 20.00 ќе играат  Германија-Шведска.Мексико е прв во групата со 6 бодови,Шведска има 3,Герамнзинија и Јужна Кореја се без бодови.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ