
СП 2019 :МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПА СО ШПАНИЈА И ХРВАТСКА
Македонските ракометари добија силни противници во групната фаза од 26. СП во ракомет кое ќе се одржи 2019 во Данска и Германија.Ждрепката во Копенхаген го насочи Македонскиот т им кон групата Б каде во конкуренција на Европскиот шампион Шпанија,на Хрватска,Исланд,Бахреин и на Јапонија ќе се бори за едно од првите три места кои водат во следната фаза на ракометниот мундијал.Противници во А групата се Германија,Франција,Србија,Русија,Кореја и Бразил.Во Ц групата Данска,Норвешка,Австрија,Тунис,Чиле и Саудиска Арабија и во групата Д ждрепката ги одреди Шведска,Унгарија,Катар,Аргентина,Египет и Ангола.Натпреварите во групата Б ќе се играат во Минхен.До 6-тото учество на СП-ва и 4-то по ред,ракометарите стигнаа преку баражот со Романија.Најдобар пласман е 9.место од СП 2015 што се одржа во Катар.
Шампионатот ќе се одржи од 9 до 27 јануари. Првиот дел од СП ќе се игра во Берлин, Минхен, Хернинг и Копенхаген,gлавната фаза во Келн и Хернинг, полуфиналето е закажано во Хамбург, додека финалето ќе се игра во Хернинг.