
СОЛСКЈЕР РАЗМИСЛУВА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕСТОЈОТ НА ОЛД ТРАФОРД
Поранешниот играч на Црвените Ѓаволи ,влезе во победничка серија откако го замени Жозе Мурињо.Манчестер Јунајтед синоќа славеше со 2-0 на гостувањето кај Њукасл со головите на Лукаку и Рашворд што е 4-ти триумф по ред под водство на Оле Гунар Солскјер.Норвежанецот изјави дека размислува да остане во клубот и после месец мај кога истекува неговиот договор што беше постигнат како алтернатива за португалскиот стратег и остави можност за челниците на Манчестер да пронајдат ново тренерско име ако до крајот на сезоната Сослкјер не успее да ги премисли.Под водство на норвежанеот Јунајтед ги солвада Кардиф,Хадерсфилд,Бормут и синоќа Њукасл,но првиот вистински тес за Солскјер ќе биде мечот со Тотенхем што е на распоред во Премиер лигата на 13 јануари.