Со европски пари ќе се гради пречистителна на Вардар кај тетовско Фалише, но дури за три години

Тетово во 2022 година ќе добие пречистителна станица за отпадни води, кои сега директно без стандарди завршуваат во Вардар. Вредноста на проектот кој ќе се гради со средства од ИПАРД програма е 30 милиони евра. Станицата ќе се гради во близина на село Фалише.

Со реализација на проектот треба да добиеме чиста река, но само до атарот на село Фалише. На само петстотини метри подолу од локацијата каде ќе се гради станицата, индустриската вода од неколку компании директно се испушта во реката Вардар загадувајќи ја водата. Таму со голо око се гледа како драстично се заматува водата.

Градоначалничката на Општина Тетово која е и претседател на Центарот за полошки плански регион, вели дека инспекциските служби во рамки на својата општина треба да го контролираат теренот.

Во иднина се планира сите општини заднички да  настапат за во целиот регион да се изградат пречистителни станиц,и кои би ги прочистиле сите загадени води пред да се испуштат во реката.

Пречистителната станица кај тетовско Фалише ќе се гради на локација на поранешна дива депонија, која сега се расчистува со пари од норвешка влада.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ