Словенија прв тест за комплетниот македонски состав

Вечерва од 19 часот во Словењ Градец, македонската ракометна репрезентација против селекцијата на Словенија ќе го има првиот тест во комплетен состав пред стартот на Европското првенство.


Селекторот Данило Брестовац на завршниот дел од подготовките поведе 20 играчи, а по дуелите со Словенија и Црна Гора ќе го соопшти конечниот список на играчи кои ќе бидат во конкуренција за настап на континенталниот шампионат.


Во првиот дел од подготовките Брестовац ја тестираше формата на помладите ракометари, а дел од нив му се приклучија на костурот на тимот кој ќе го понесе најголемиот товар на мечевите во Австрија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ