
Скубе во тимот на колото, Дибиров со најубав гол
Убедливиот триумф во дуелот против Мотор со 28:28 на ракометарите на Вардар им обезбеди место во изборот на најдобрите во 12. коло од Лигата на шампионите.
Сташ Скубе блескаше на мечот со гостинот од Украина и сосема заслужено се најде во идеалната седморка на колото заедно со Андреас Волф (голман), Иго Дескат (Монпелје), Жоан Канељас (ПИК Сегед), Алекс Душебаев (Киелце), Мариус Штајнхаузер (Флензбург) и Хенрик Пекелер (Кил).
Место меѓу најдобрите имаше и за Тимур Дибиров чиј погодок е прогласен за најатрактивен во оваа рунда од елитното натпреварување.