Скубе: Среќен сум што сум дел од голем тим како Вардар

Ракометниот клуб Вардар по многуте заминувања, конечно почна да го формира тимот за следната сезона. Ново засилување на „црвено-црните“ е Словенецот Сташ Скубе, кој доаѓа од екипата на Пик Сегед. Централниот бек доаѓа како директна замена за Лука Циндриќ и со Вардар се обврза на тригодишна верност.

„Вардар го избрав затоа што е еден од најдобрите екипи во Европа. Среќен сум што ќе бидам дел од голем тим. Очекувам многу, значи ќе се обидеме да стигнеме до самата завршница во сите натпреварувања“, изјави Словенецот за интернет страницата на Вардар.

Од таборот на македонскиот тим најавуваат дека летово тимот ќе се засили со уште неколку квалитетни играчи и ќе продолжи да конкурира за врвот на Европа. По завршувањето на сезоната клубот го напуштија тренерот Раул Гонзалес, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Арпад Штербик, Хорхе Македа и Жоан Канељас.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ