
Симовски го објави списокот на ракометарки за квалификациите за СП
Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните квалификации за пласман на СП 2019.
Македонија ќе биде домаќин на групата во и ќе се бори за пласман на Мундијалот против Азербејџан, Турција и на Исланд.
Нема изненадувања помеѓу 28-те имиња на списокот на Симовски, кој ќе смета на стандардните ракометарки со исклучок на Теодора Керамичиева, која е повредена.
Квалификациските натпревари ќе се одиграат од 30 ноември до 2 декември во СЦ „Борис Трајковски“.