Сиљановска: Kога нема критика, не може да има добра политика

Кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска обраќајќи се пред Унијата на ѓени на ВМРО ДПМНЕ смета дека “Преспанскиот договор е штетен за Македонија, македонскиот идентитет не треба да се загрозува, бидејќи ние сме македонски народ и тоа е факт, кој не може никој да го спори.”“Македонија е во женски род, не случајно. Сите ние сме растеле, сме се радувале и сме тажеле со песни, со ора, со фолклор. Во нив умирале, се мажеле за Македонија, се женеле за Македонија. Мечтаеле за Македонија. Сонувале за Македонија. И политиката е именка од женски род. Понекогаш да ги заведам студентите се обидувам драмски да настапувам велејќи им дека политиката некогаш била уметност на можното, а за бракот пак викам, да бидам искрена бидејќи тоа е заедница за што вреди да се живее, дека е уметност на неможното,” нагласи г-ѓа Силјановска Давкова.  Таа смета дека политиката може да биде на некаков начин земена, украдена, окупирана од многу мал број на луѓе кои мислат дека знаат се, дека политиката е нивна. ,,Кога нема критика, не може да има добра политика. Значи не смее политиката да биде во рацете на неколкумина, не смее политиката да биде само една страна, а да нема критичка димензија, појасни г-ѓа. Силјановска Давкова,, зијави Сиљановска .

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ