Шпанската селекција европски шампион

Шпанската селекција со резултат 22-20 против Хрватска го одбрани европскиот трон.

Натпреварот за титула го судеа македонските арбитри Николов и Начевски и одлично си ја завршија работата. „Фуријата“ и Хрватите одиграа крајно драматичен натпревар, а во финишот поконцентрирани беа ракометарите на Рибера.

Хрватите, пак, останаа без златото на европските ракометни терени.

Лино Червар вели дека тие треба да бидат горди од настапот на Европското првенство и за освојување на златото требало малку повеќе, стратегот даде и изјава која наведува дека заминува од кормилото на репрезентацијата.

„Сите тие се прекрасни играчи и луѓе не можам ништо да им преречам. Јас повеќе нема да ја водам Хрватска на Европско и Светско првенство“, рече Червар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ