Шпанија не се откажува од ВАР

За да се прилагоди на новото правило на ФИФА за пет замени во текот на натпреварот, Ла Лига соопшти дека на секоја екипа во продолжението од сезоната ќе и дозволи во записникот да има 23-ца играчи наместо досегашните 18.

Во соопштението се потенцира дека до крајот на сезоната ќе се користи ВАР системот бидејќи не е добро во завршницата да се менуваат работи кои се применувале на претходните мечеви. Воедно од клубовите е побарано да се засилат мерките за заштита на играчите се со цел да не се зголемува бројот на позитивни на Ковид 19.

Клубовите за патувања ќе користат чартер летови, а доколку се патува со автобус екипата ќе биде поделена во две возила.

Ла Лига се согласи секој фудбалер што ќе плукне на теренот за време на натпреварот ќе добие жолт картон.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ