Шпанија на чекор до полуфинале

Шпанија со 30 – 26 го победи домаќинот, а ова за ракометарите е осма победа по ред на ЕП , и петта на тековниот шампионат, со кој безмалку ја букираа позицијата за полуфинале во групата 1.

Натпреварот Шпанците го добија во второто полувреме, а најефикасен играч им беше Хорхе Македа со шест погодици, кој бешпе прогласен и за играч на мечот.

Австрија заврши со вториот пораз во главта фаза и останува во наредните два меча да бара подобрување на десетото место кое го освоија во 2010-та година што беше и најдобар резултат за нив.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ