ШОК ВО МЕЛБУРН,ЦИЦИПАС ГО ПОРАЗИ ФЕДЕРЕР

Роџер Федерер застана во осминафинале на турнирот каде лани ја освои 20 и засега последна Грен слем титула во кариерата,откако на пат кон најдобрите осум беше поразен од Стефанос Циципас.Најмладиот играч на ростерот го победи највозраниот со 3-1 во сетови и за прв пат во кариерата се најде во Грен слем четвртфинале.Федерер го доби првиот тај брејк,Циципас во сличен стил изедначи на 1-1- во сетови.14 носител поведе со 2-1,после 7-5 во третиот сет и во четвртиот, повторно успеа да ги сочува нервите во тај брејк.Во меч со 123 винери на двете страни,Федерер не искористи 12 брејк топки.20 годишниот тенисер од Грција во четврфиналето ќе се сретне со Баутиста Агут,шпанцеот кој по трет пат на турнирот одигра пет сета,во осминафиналето против Марин Чилиќ.Покрај Федерер од фаворите елиминиран и Григор Димитров.20. фаворит претрпе пораз од Франсис Тиафо во 4 сета и за место во полуфиналето ќе игра со Рафаел Надал.Шпанецот ,број два фаворит на турнирот, без загубе сет со 6-0,6-1 и 7-6 го победи Томаш Бердих.За другите четири места во четвртфиналето ќе играат Ѓоковиќ-Медведев,Карењо Буста-Нишикори,Зверев-Раониќ и Чориќ-Пуј.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ