Шкупи прокоцка сигурна победа кај Пјуник

Шкупи имаше водство од 3-1 на гостувањето кај Пјуник во рамки на првото квалификациско коло од Лигата на Европа, но во финишот прими два гола и дозволи домаќинот да извлече реми 3-3.

Пјуник поведе со 1-0 од пенал во 4.минута, но потоа следуваше целосен пресврт на чаирчани. Капитенот Муарем Бајрами погоди за 1-1 во 26.минута, а пред крајот на првиот дел Дарко Илиески со глава погоди за водство од 2-1.

По еден час игра, Бајрами повторно погоди за Шкупи и водство од 3-1 од слободен удар, а на голот му кумуваше и противничкиот голман со очајна интервенција.

Сепак, скопскиот тим попушти во последните 10 минути, па дозволи два гола во 80-тата и 85-тата минута во својата мрежа и прокоцка сигурна победа.

Реваншот е за седум дена во Скопје на арената „Тодор Проески“.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ